Утврдени нерегуларности на универзитетите во Тетово, Охрид и Струга, затворен е струшкиот медицински смер

Министерката Јаневска соопшти и дека до сега затворени се 2 научни институти

-

Инспекцискиот надзор утврдил нерегуларности на универзитетите во Тетово, Охрид и Струга – откри министерката за образование Весна Јаневска во интервју за Радио Слободна Европа.

Според неа, на Тетовскиот универзитет каде инспекцискиот надзор сè уште трае, за сега бил утврден нелегален избор на двајца професори, а на универзитетот во Струга по извршена контрола бил затворен смерот за медицински науки.

Јаневска соопшти и дека до сега затворени се 2 научни институти.

„Тоа се повторно процеси коишто траат и кои сè уште се во фаза на анализа затоа што и Законот за просветна инспекција дава одредени насоки како треба да се работи. За некои пропусти се вели дека треба да се отстранат во одреден рок, потоа Државниот просветен инспекторат оди да провери дали се отстранети или не се. Во овој момент не можам да тврдам дали ќе се затворат, но испекцискиот надзор ќе каже што ќе треба да се направи тогаш кога ќе биде завршен“, рече министерката за образование.

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...