Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утрото студено, а преку ден ќе биде потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус два до шест степени, а дневната температура од 10 до 22 Целзиусови степени.
Во Скопје слично време со температура до 19 Целзиусови степени.
Во наредните два дена ќе има локални врнежи од дожд со ретки грмежи, а во сабота ќе настапи преодно стабилизирање со повисоки дневни температури. Од недела нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност, која ќе предизвика нестабилно време со пообилни врнежи од дожд и појава на грмежи.