fbpx

Утре затворени улици околу Соборен храм заради одбележувањето на Бадник

-

Во текот на утрешниот ден, поради најавено одржување на настан за одбележување на Бадник во Скопје, од 10 часот па сè до завршување на настанот, за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајниците околу соборниот храм „Св. Климент Охридски“ и тоа од објектот на Пошта на РСМ до крстосницата кај Соборниот храм и од крстосницата кај Соборниот храм до зградата на Владата на РСМ.

„Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот, како и мерки за посебен режим на сообраќајот на на околните сообраќајници. СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...