Утре почнува јунскиот уписен рок за запишување на полуматурантите во јавните средни училишта за учебната 2015/2016 година. Резултатите од уписите ќе бидат објавени на 24 јуни.

Во 100 јавни средни училишта има 35.445 слободни места.

Второто пријавување во јунскиот уписен рок е на 29 и на 30 јуни, а резултатите од овој рок ќе бидат објавени на 1 јули.

Пријавувњето во августовскиот рок ќе биде на 24 август, а резултатите ќе бидат објавени наредниот ден.

Училиштата кои во двата уписни рока не ги пополниле утврдените ученички места за запишување, ќе продолжат да запишуваат ученици до 27 август 2015 година.