Утре во МКЦ се отвора новата пермакултурна градина – „Градиднина“

Фото: Фејсбук страна на МКЦ

Утре во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се отвори новата пермакултурна градина – „Градиднина“ која ќе биде наменета за поттикнување на младите да ја користат својата креативна моќ и потенцијалот на модерната технологија за да проговорaт на прашањата кои ја засегаат заедницата.

Станува збор за ново динамично место кое покрај својата основна функција – создавање на нов простор во МКЦ во духот на одржливата агрикултура и грижлив однос кон природата, ќе биде и простор за изникнување на различни идеи и проекти врзани со широки grassroots иницијативи.

„МКЦ во овој проект ја согледува можноста да ги вклучи младите во креирање на содржина која е во склоп на проектните активности и цели, но најмногу во интерес на сегашната итност во креирање на грижлив пристап кон природата“, се вели во најавата за утрешното отворање на пермакултурната градина.

Сите заинтересирани ќе може да присуствуваат на отворањето што ќе започне во 17:30 часот, придружувано од пригодна музика во организација на Младинскиот културен центар.

Создавањето на новата премакултурна градина е резултат на меѓународниот проект Big Time Takeover развиен преку „Ерасмус KA2 Програмата за соработка и инвовација и размена на добри пракси на Европската унија за стратешки партнерства кои вклучуваат образовни програми за млади“, во кој стратешки партнер е ЈУ МКЦ Скопје.