Утре во Комитет изложба на фотографии и ракотворби „Љубовта не може да чека“

Фото: Сигурна куќа

Утре, 9 октомври со почеток во 11 часот во социјалниот центар Комитет ќе биде отворена изложбата „Љубовта не може да чека“ со фотографии на Лазар Зафировски изработени заедно со тимот од Сигурна куќа.

Со овие фотографии се отсликува секојдневното изразување на љубов преку отворен наспроти прикриен говор, а освен нив, на изложбата ќе бидат претставени и останатите ракотворби изработени на работилниците од страна на корисниците на Сигурна Куќа.

Изложбата е од продажен карактер, а истата ќе трае до 16 октомври.

За времетраење на изложбата ќе бидат запазени сите протоколи за заштита од ковид-19.