Утре во „Буква“ ќе се промовира новиот стрип „Џукела и Пацоф“ од Матеј Богдановски

Илустрација: Матеј Богдановски, објавено од Мета.мк со негова дозвола.

Во сабота (16 октомври), со почеток во 13 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје ќе се одржи промоцијата на најновиот стрип на уметникот Матеј Богдановски, насловен „Џукела и Пацоф“.

На промоцијата за стрипот ќе зборуваат писателката Румена Бужаровска и музичарот Мирко Попов, а авторот Богдановски ќе се вклучи онлајн.

Стрипот „Џукела и Пацоф“ претставува сатиричен коментар на низа состојби во македонското општество. Мета.мк објавува неколку табли од стрипот со дозвола на авторот.

Џукела и Пацоф, стр. 2. Автор: Матеј Богдановски, објавено од Мета.мк со негова дозвола.

Џукела и Пацоф, стр. 4. Автор: Матеј Богдановски, објавено од Мета.мк со негова дозвола.
Џукела и Пацоф
Џукела и Пацоф, стр. 22. Автор: Матеј Богдановски, објавено од Мета.мк со негова дозвола.

Матеј Богдановски е академски сликар, автор на стриповите „КШШЦ“ (2010), „Патенталија и Тентелина епизоди 1 и 2“ (2011), „Патенталија и Тентелина – Чиста десетка“ (2016) и „Улица“ (2020) според aвтобиографската повест на Славко Јаневски. Автор е и на книгите „Разговори“ (2017), „Скопје радост ти ќе бидеш“ (2017) и „Приказни од Чудновија“ (2018).