fbpx

Утре се отвора лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“

-

Утре се отвора лизгалиштето во спортскиот центар „Борис Трајковски“ каде што посетителите ќе може да уживаат во рекреативно, уметничко лизгање и хокеј.

„Условите се најдобри досега и со најдобро подготвен мраз по светски стандарди. Не очекуваат многу натпревари во хокеј и уметничко лизгање, за кое годинава ќе има двајца професионални тренери. Ќе има и повеќе термини за рекреација, а цените остануваат исти 150 денари со изнајмени лизгалки и 100 денари со сопствени. Наутро ќе се одржуваат тренинзи по уметничко лизгање, а рекреативно ќе може да се лизга од 10 до 22 часот, со мали паузи од 16 до 19 часот кога ќе има хокеј тренинзи. За викенд целодневно ќе може да уживате во рекреативното лизгање“, се вели во соопштението од СЦ „Борис Трајковски“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одѕивот на гласачите до 17 часот е за 9 отсто повисок од претходните претседателски избори

До 17 часот, според Државната изборна комисија, на претседателските избори гласале 397.612 лица, односно 44,18 посто од вкупниот број запишани гласачи - 1.814.317. Најголема излезност има во Општина Новаци, над...