фото: Hakan Nural на Unsplash

Утре во 14 часот на граничниот премин Табановце, премиерот Зоран Заев ќе ја пречека делегацијата предводена од претседателот на Република Србија Александар Вучиќ со која ќе пристигне и првата пратка на вакцини.

Премиерот Заев заедно со министерот за здравство, Венко Филипче и претседателот Вучиќ ќе дадат кратки изјави за медиумите на граничниот премин.

Инаку, официјално од денеска е пуштена во употреба веб страницата за регистрација за вакцинирање, која вчера ја најави министерот за здравство, Венко Филипче.

Поради голем интерес на јавноста, веб-страницата функционира со виртуелна чекална, односно секој посетител чека десетина минути пред да влезе во самиот систем за пополнување на податоци и изразување интерес за вакцинација.