Фондацијата „Метаморфозис“ ќе изврши виртуелна презентација на Првиот периодичен мониторинг извештај во рамките на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“ (ОМР),финасиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ)

Презентацијата ќе се одржи утре (16 април) и планирана е да трае помеѓу 12 и 13.30 часот.

Настанот ќе се одржи виртуелно на платформата ZOOM https://techsoupglobal.zoom.us/j/97381027136?pwd=aGRuOStQN1ZBU0VOVHd6bHJUTDkyUT09

Meeting ID: 973 8102 7136

Овој извештај се занимава со набљудување на имплементацијата на Итните реформски приоритети (ИРП) поставени од ЕУ во делот Слобода на изразување и следи четири области:

  • Реформи во јавниот радиодифузен сервис;
  • Владини реклами;
  • Пристап до информации од јавен карактер;
  • Клевета и навреда.

На презентацијата ќе говорат: Насер Селмани проектен новинар-аналитичар и Климе Бабунски – член на фокус групата на проектот ОМР, а модератор на настанот ќе биде Виолета Глигороска од Фондација „Метаморфозис“ која ќе го презентира извештајот.

При презентирањето на мониторинг извештајот ќе се говори за клучните наоди и за континуираните предизвици на новинарите за темите кои се дел од овие Итни реформски приоритети (ИРП).

Извештајот е достапен на http://mediaobservatorium.mk/izveshtai/ на македонски јазик и на http://mediaobservatorium.mk/sq/raporte/ на албански јазик.