Утре повторно протест на „Партизанска“, каде што беше прегазена Фросина Кулакова

На протестот ќе се адресираат три главни проблеми, нефункционалноста на системот за заштита на децата и младите кои се во судир со законот, недоволната безбедност во градовите и глорификацијата на девијантното однесување

-

Иницијативата „Кој е следен“ информираше дека утре, 2 Февруари, во 17 часот повторно ќе се одржи протест на булеварот „Партизански Одреди“, кај Универзална сала во Скопје. Посочуваат дека случајот со трагичната смрт на младата Фросина Кулакова не е изолиран, дека се повторуваат истите случаи на неконтролирано возење на сообраќајниците, а се повторува и неказнувањето и недолжното згаснување на животи. „Фрустрирани од состојбите што не се менуваат, повикуваме на изразување на граѓански револт. Системот ги отфрла децата и младите кои поради недоволна грижа го избираат погрешниот пат. Институциите не се координирани и тоа доведува до млади кои не ја добиваат потребната поддршка за да бидат активни чинители во општеството. Тој недостиг на поддршка резултира до сѐ почести фатални последици“, посочуваат од Иницијативата.

На протестот ќе се адресираат три главни проблеми, нефункционалноста на системот за заштита на децата и младите кои се во судир со законот, недоволната безбедност во градовите и глорификацијата на девијантното однесување.

„Алките во системот за работа со деца и млади во судир со законот не функционираат. Неопходно е градовите да можат да гарантираат безбедни услови за живот. Од исклучителна важност е да се поттикне јавната свест кон гласно осудување на глорификацијата на девијантното однесување. Круцијално е да се информираат граѓаните за последиците од возвишувањето на неказнивоста и заобиколувањето на правилата,“ посочуваат од „Кој е следен“.

Саем за образование: Поттик за избор на домашни високообразовни установи и успешна кариера во земјата

Во Скопје денеска и утре е во тек Саемот за образование, на кој учениците, студентите и родителите имаат можност да се запознаат со академските и професионалните можности што ги нудат домашните...

Огромен број граѓани на протестот во Белград, пристапот до Собранието отежнат, силно полициско присуство

Додека протестот во Белград се разгорува, атмосферата останува напната, пишува српски Данас.рс. Студентите во блокада, кои го повикаа протестот, објавија дека главниот собир ќе се одржи пред Собранието на Србија, како...

Мицкоски не очекува прелевање од Србија, но подготвен е да помогне ако некој побара помош

Нашата домашна задача е наша домашна задача, а домашната задача на другите земји си е нивна домашна задача, рече премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со големиот...

Напната атмосфера во Белград – распоредена полиција, но и воени ветерани, има инциденти

Реки луѓе се слеваат кон центарот на српскиот главен град, додека големиот се интензивира, а во градот се распоредени големи полициски сили. Денес во 16 часот ќе започне протестот пред Народното...

Саем за образование: Поттик за избор на домашни високообразовни установи и успешна кариера во земјата

Во Скопје денеска и утре е во тек Саемот за образование, на кој учениците, студентите и родителите имаат можност да се запознаат со академските и професионалните можности што ги...