fbpx

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Скопски маратон 2021

-

МВР инфомира дека утре 03 октомври 2021 година, поради Скопскиот маратон, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во центарот на градот но и пошироко.

-Маратонот ќе започне во 08.00 часот, со следната траса на трчање: старт од платото пред Спортски центар „Борис Трајковски“ по ул.„Бледски договор“, десно по бул.„Илинден“, лево по ул.„Љубљанска“, право по ул.„Московска“, десно по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, на крајот на улицата се врти полукружно назад и се продолжува право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„11 Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„Трета македонска бригада“, лево по ул.„Фрањо Клуз“, десно по бул.„Јане Сандански“ до крајот пред крстосницата со бул.„Србија“, потоа се врти полукружно назад по истата коловозна лента по бул.„Јане Сандански“, лево по ул.„Фрањо Клуз“, десно по бул.„Трета македонска бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11 Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по бул.„Св.Климент Охридски“, лево по бул.„Илинден“ до целта – платото пред Спортски центар „Борис Трајковски“ во Скопје (два круга) – соопшти МВР.

„Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе презема мерки за посебен режим на сообраќајот по наведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму апелираат до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...