Утре почнува Меѓународната конференција за настава по англиски јазик во организација на ЕЛТАМ МК

Свои излагања на конференцијата ќе имаат реномирани меѓународни предавачи, универзитетски професори и обучувачи од ELT сферата, а учество ќе земат наставници и едукатори од земјата и регионот

Photo by The Climate Reality Project on Unsplash

Утре и во сабота ќе се одржи 13-тата Меѓународна конференција за настава по англиски јазик „Нови предизвици, нови перспективи“ (New Challenges, New Perspectives) под мотото „Challenge and be challenged!“.

Конференцијата е во организација на непрофитната асоцијација на наставници по англиски јазик ЕЛТАМ МК и се одржува во рамки на одбележувањето на 21-годишниот јубилеј на асоцијацијата.

ЕЛТАМ МК е поврзана со IATEFL (Меѓународната асоцијација на наставници по англиски како странски јазик) и TESOL International (Настава по англиски јазик на говорители на други јазици).

На конференцијата, меѓу другото, ќе биде промовирана и монографијата на ЕЛТАМ МК под наслов „Историја на наставата по англиски јазик во Република Македонија до 2024 година“, која го отсликува работењето на ELT заедницата во земјата.

Свои излагања на конференцијата ќе имаат реномирани меѓународни предавачи, универзитетски професори и обучувачи од ELT сферата, а учество ќе земат наставници и едукатори од земјата и регионот.

„Таа претставува одлична можност учесниците да се запознаат со новитетите во областа на  ELT, да споделат искуства и идеи кои би ги примениле понатаму во наставата и би ги збогатиле наставните содржини“, велат од ЕЛТАМ МК во најавата на конференцијата.