Утре ќе се протестира пред општина Струга, активистите бараат велосипедска патека Струга-Охрид

-

По трагичната несреќа на регионалниот пат Струга-Охрид, во која животот го загуби 17-годишно момче додека возеше велосипед, „Велосипедскиот клуб“ од Струга утре во 12:00 часот ќе протестира пред општина Струга и притоа ќе бараат реализација на нивните три барања со цел да се спречат други можни трагедии на овој пат, кој според нив е опасен, а општинските власти никогаш не презеле мерки за ова, пишува Порталб.мк.

На 7 март годинава, 17-годишно момче-велосипедист загина на регионалниот пат Струга-Охрид, во делот што главно го користат граѓаните за пешачење и возење велосипед.

На 07.03.2021 година во 11:00 часот во СВР-Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Охрид автомобил „мерцедес“, со кое управувал К.П. (21) од Струга повредил 17-годишен велосипедист. Поради сериозни повреди од несреќата, 17-годишниот велосипедист починал на местото на настанот“, соопшти СВР-Охрид.

Овој трагичен настан ги натера членовите на „Велосипедскиот клуб“ од Струга да преземат нешто, и преку протест да побараат од општина Струга решавање на проблемот со овој пат. Протестот ќе се одржи утре (сабота) со почеток во 12:00 часот, пред општина Струга.

Еден од организаторите на протестот, Бетим Ибраими, за Порталб.мк истакна дека за жал требаше да се случи трагедија за да се направи обид општинските власти да се „разбудат“ и да го поправат овој опасен пат.

„Имаше неколку случаи на незгоди или сме биле вклучени и ние самите, и мораше да се случи нешто трагично, како што се случи пред една недела кога 17-годишно момче беше смртно повредено. Затоа ние како „Велосипедски клуб“ од Струга заедно со другите пријатели, решивме да организираме протести, свесни сме дека не е само општина Струга вклучена во изградбата на патот, тука се и општина Охрид, општина Дебарца и ЈП „Македонија пат“, но ова е само наша почетна точка во оваа насока, или првиот камен што ќе биде фрлен“, вели тој.

Кои се барањата на протестантите?

  1. Да се преземат активности за проширување на патот Струга-Охрид, бидејќи претставува опасност за велосипедистите и пешаците.
  2. Да се ​​изгради велосипедска лента Струга-Охрид со инфраструктура, како што е изградена од другата страна на границата (Лин-Поградец).
  3. Полициско присуство за време на викендот, кога сообраќајот на велосипеди е поголем.
  4. Општина Струга да соработува со општина Дебрца, општина Охрид и ЈП „Македонија пат“ и да најде решенија за овој проблем.

Воспоставена е и „Иницијатива за проширување на патот Струга-Охрид“.

На социјалната мрежа „Фејсбук”, некои активисти од Струга отворија страница на Иницијативата за проширување на патот Струга-Охрид, преку која, имаат за цел да вклучат што е можно повеќе луѓе, и притисокот врз властите да биде што е можно поголем и да се најде решение за конкретниот случај.

Инаку според организаторите на овој протест, ова не е прва или единствена несреќа на овој патен правец. Во минатото, постојано имало несреќи каде што загинале или биле повредени пешаци и велосипедисти.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...