Утре ќе се промовира „Бебо“, новата апликација за родители на деца до шест години

-

Во организација на УНИЦЕФ, во среда ќе биде промовирана нова мобилна апликација „Бебо“ („Bebbo“) која ќе понуди поддршка на родителите со деца до шестгодишна возраст. На промоцијата ќе се обратат министрите за здравство и за образование и наука Беким Сали и Јетон Шаќири, како и Јована Тренчевска, министерката за труд и социјална политика и Патриција ДиЏовани, претставничката на УНИЦЕФ.

„Бебо“ е нова мобилна апликација на УНИЦЕФ која им нуди на родителите на деца од 0 до 6 години сеопфатни и проверени информации и интерактивни алатки со одговори на најразлични прашања поврзани со здравјето и развојот на децата“, информираат во УНИЦЕФ.

Оваа бесплатна апликација ја изработи Регионалната канцеларија на УНИЦЕФ за Европа и Средна Азија. Во Северна Македонија, УНИЦЕФ, во соработка со Институтот за јавно здравје, заедно со стручњаци од различни области на раниот развој на децата, го прилагоди материјалот на потребите на корисниците во земјата на македонски и на албански јазик.

Приведен охриѓанец кој со остар предмет повредил три лица

Приведен е охриѓанец поради сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачки или караница“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Вчеравечер после полноќ, на пресекот на булеварот „Туристичка“ со...