fbpx

Утре ќе има привремен сообраќаен режим во центарот

-

Утре во период од 11 до 13.30 часот, како и од 20 до 1 часот по полноќ, поради одржување на повеќе манифестации, дел од центарот на Скопје ќе биде затворен за сообраќај во двете насоки.

Затворени за сообраќај ќе бидат улиците 11 Октомври и Димитрија Чуповски, од крстосницата со улицата Филип Втори Македонски до крстосницата со улицата Даме Груев.

Поради тоа ќе се изврши и пренасочување на автобускиот сообраќај на линиите кои минуваат на овој потег, и тоа:

1. Автобусите кои ги сообраќаат на линиите со број 26, 50, 57, 59 кај Градска болница ќе се движат по улицата 11Октомври кон Зелено пазарче, потоа десно по улицата Кирил и Методиј (Рамстор) и продолжуваат по својата траса. Во обратна насока ќе ја користат улицата Даме Груев.

2. Автобусите кои ги сообраќаат линиите со број 3, 3А, 3Б, 4, 4А, 5, 7, 7Б, 15, 15А, 21, 21А, 22, 23, 24, 25, ќе се движат по булеварот Кочо Рацин, улицата Кирил и Методиј и продолжуваат по своите траси. Во обратна насока ќе се движат по улицата Даме Груев и продолжуваат по своите траси. Притоа ќе ги користат постојните автобуски стојалишта.

Градот Скопје апелира до граѓаните да се приджуваат и да го почитуваат привремено поставениот режим на сообраќај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Започна судењето против Трамп – прв кривичен процес против американски претседател

Во Њујорк почна судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во кривичната постапка под обвинение дека се обидел да ја прикрие исплатата на пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс. На...