Утре хуманитарен настан на Школка за децата од ПОУ “Иднина“

GirlUp Скопје ќе одржи хуманитарен настан на 9 ноември (сабота) од 11 до 16 часот на школка. GirlUp е организција која се грижи за еднакви права и едукација на сите девојчиња. Овој пат велат дека одлучиле отстапат од нивната примарна цел со тоа што повикуваат заедно да помогнеме на децата со посебни потреби од училиштето „Иднина“.

Целта е да се соберат средства за да се подобрат можностите за учење на децата.

Настанот ќе го води Мина Јелушиќ, а присутните ќе имаат можност да ја запознаат и лидерката на клубот, Јана Арсовска.

Ќе има и Garage Sale кој ќе биде главниот извор на парични средства. Ќе се продаваат најразлични рачни изработки од: Матеа Fashion, Felicità Handmade, Indigo Candles Charms, Firefly Crafts, Foreground Totebags, Adora Gifts, Quick Sox, икони изработени од учениците од ПОУ “Иднина” и многу други.

За музиката се задолжени: DJ Goce Saf, Виктор Апостоловски, Сара Гигова, Огнен Здравковски, Александар Тарабунов, Ивона Јованович, Мина Блажев, Марија Спасовска и други.