fbpx

Утре дождливо време, на високите планини ќе паѓа снег

-

Под влијание на влажен и студен воздушен бран, утре ќе има повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, односно ќе надминат 20 литри на еден квадратен метар. Вакви врнежи ќе има претежно во западните и во северните делови од земјава, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија.

На планините над 1.500 метри надморска височина ќе паѓа снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина до 70 километри на час, кој ќе предизвика значително и нагло опаѓање на температурата на воздухот за околу 13 степени.

Дневната температура ќе изнесува од 3 Целзиусови степени на крајниот запад на земјата до 8 степени крајниот исток. Во Скопје дневната температура ќе биде околу 10 степени, во Повардарието и на крајниот југоисток 15 до 16 степени, а во Охридско-струшкиот Регион до 13 Целзиусови степени.

Од недела следува период на стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...