fbpx

Уставните измени го чекаат Ахмети

-

Во тек е собраниската седница за измените на Уставот. Таа продолжува од вторникот, кога пратениците ги утврдија предлозите со кои се предвидува дефинирање на бракот како заедница само меѓу еден маж и една жена, основање на меѓународни финансиски зони чие работење и организација ќе се доуредува со закон. Веќе неколку дена во медиумите се шпекулира дека ДУИ нема да ги поддржат уставните измени.

Извори од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се чека Али Ахмети, лидерот на ДУИ. Ако тој е во состојба да дојде на седницата (завчера тој беше полесно повреден во сообраќајка ), уставните измени ќе бидат донесени, но доколку не се појави, седницата ќе се одложи за наредната недела.

Од ДУИ, пак, велат дека сè уште не знаат како ќе се одвиваат работите.

– Седницата треба да продолжи, а до каде ќе стигнеме, не знам – кусо ни одговори Талат Џафери, координаторот на пратеничката група на ДУИ.

На почетокот на седницата лидерот на ДУИ не се појави во салата.

За измените на Уставот реагираа и Венецијанската комисија и Европската комисија.

– Иако имаше процес на консултација, вклучително и со меѓународни тела, што е позитивно, забележуваме дека овие уставни измени поминуваат низ собраниска процедура во време кога најголемата опозициска партија го бојкотира парламентот. Меѓутоа, важно е овие уставни измени да бидат резултат на широка и на содржајна дебата помеѓу сите политички сили – велат од Европската комисија.

 

 

 

Синоќа во Скопје казнети 105 возачи оти брзо возеле

Вработени во секторот за внатрешни работи - Скопје, вчера казниле 105 возачи за возење со брзина поголема од доволената, информира Министерството за внатрешни работи. „СВР продолжи со контролите во областа...
Download WordPress Themes Free
Download Premium WordPress Themes Free
Download Premium WordPress Themes Free
Download Premium WordPress Themes Free
udemy course download free
download samsung firmware
Free Download WordPress Themes
udemy course download free