fbpx

Уставниот суд образложи: Одложено распуштање на Собранието не е исто со одложено дејство на законите

-

Уставниот суд официјално го објави образложението на одлуката за поништување на одлуките за одложено распуштање на Собранието од 18 јануари и 23 февруари, оваа година, која судот ја донесе во средата, минатата недела, по разгледувањето на иницијативата, поднесена од Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Со одлуката на Уставните судии дефинитивно беа запрени сите активности околу предвремените парламентарни избори, кои беа закажани на 5 јуни.

Според Уставниот суд, одложеното распуштање на Собранието не може да се поистоветува или споредува со одложеното дејство на законите или други акти.

Во образложенито, исто така, се наведува дека „одлуката за распуштање на Собранието има карактер на пропис, бидејќи ваков вид на одлука има универзално дејство и посредно се однесува на сите граѓани кои на непосредни избори го даваат својот глас за одреден пратеник на Собранието, односно ним им го пренесуваат мандатот, но и суверенитетот за Собранието да решава, односно одлучува во нивно име, од каде произлегува дека оспорената одлука е подобна за уставно судска оцена“.

„Во Уставот на Република Македонија не е експлицитно уредено прашањето за одложното важење на Одлуката за распуштање на Собранието. Отсуството на конкретна регулатива за ваков случај не може да се толкува дека ваквото решение е допуштено со одлука на Собранието, како во случајов, а особено имајќи ја предвид сериозноста и можните последици. Со Уставот не е утврдено мандатот на пратениците во Собранието да продолжи во случај на распуштање на Собранието, ниту е предвидено во таков случај тие да продолжат со должноста. Според тоа не може да постои било какво одлагање на распуштање на Собранието, а со тоа и одложено губење на мандатот на пратениците. Спротивно на изнесеното, Собранието продолжи да работи во својот полн капацитет во периодот од 19 јануари 2016 година кога е донесена првата Одлука за самораспуштање со одложно дејство, па се до 07 април 2016 година кога Собранието фактички се самораспушти. Одложеното дејство на оспорената одлука, односно одложеното дејство на распуштањето на Собранието, како највисоко избрано претставничко тело на државата кое има законодавна надлежност, не може да се поистоветува или компарира со одложеното дејство на законите или други нормативни акти…Ваквата состојба доведува и до правна несигурност и повреда на владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок утврдена во членот 8 став 1 алинеја 3 и членот 51 од Уставот, бидејќи Собранието на Република Македонија е должно да ги почитува Уставот и законите, што овде не е случај“, стои во образложениот на Уставниот суд.

Уставните судии во февруари разгледуваа иницијатива поднесена од пратеникот Павле Трајанов, со која исто така беше оспорено рапуштањето на Собранието, но тогаш, судот не ја прифати и се прогласи за ненадлежен по ова прашање.

Прифаќањето на иницијативата и носењето на времената мерка за замрзнување на сите активности околу изборите, што и претоходеа на конечната одлука на Уставниот суд, отвори можност за повторно свикување на Собранието, што спикерот Трајко Вељаноски го направи на 18 мај. На седницата пратениците едногласно го избришаа од Изборниот законик 5 јуни, како ден на кој треба да се одржат предвремените парламентарни избори. Нов датум за одржување на изборите не е предвиден.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...