Уставниот суд на Романија, а не „НАТО нацисти“ ги поништи изборите за претседател

-

Уставниот суд на Романија реши да ги поништи првиот круг од претседателските избори на кои победи кандидат од крајната десница Калин Георгеску. Тој е наклонет кон Русија, а Гардијан пишува дека пријавил „нула трошења за изборната кампања“. Во такви услови со нула трошења, се појавија докази дека имало надворешни руски мешања, масовна сајбер кампања на Тик Ток оркестрирана од Москва во негова корист, а која помина под радарот на романските власти, превземено од Вистиномер.

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Невиден скандал и брука. НАТО нацистите го поништиjа првиот круг од претседателските избори во Романија откако видоа опасност од Калин Ѓорѓеску! Толку од западната сатанска демократија!

Во склоп на објавата се споделува и медиумски напис на српски јазик, во кој се известува дека во Романија претседателските избори ќе се повторат откако победил контроверзниот десничар, а владата ќе одреди нов датум за изборите за претседател.

Наведеното во објавата дека „НАТО нацисти ги поништиле првиот круг од претседателските избори во Романија откако виделе опасност од Калин Ѓоргеску“ е невистина. НАТО не е нацистичка организација и покрај тоа што веќе подолг период се води пропаганда против НАТО и се сатанизира оваа организација без аргументи. Кога ќе се погледнат фактите околу последната ситуација со изборите за претседател во Романија, станува јасно дека првиот круг на изборите е поништен од Уставниот суд на оваа држава, кој претставува дел од внатрешната суверена власт.

Тука паѓаат во вода тврдењата дека НАТО има било каква улога во поништувањето на првиот круг на изборите во Романија откако „виделе опасност од Калин Ѓоргеску“. Во објавата се тврди дека западната демократија била „сатанска“, меѓутоа ова не е аргументирано. Западната демократија се води од постулатите на почитување на човековите права и слободи, а политички – се темели на демократски и фер избори без странско влијание кои ги отсликуваат желбите и аспирациите на граѓаните на државата. Во конкретниот случај со романските претседателски избори, се појави проблем токму во овој постулат, но тој проблем не беше „саниран“ од надворешни, туку од внатрешни фактори – Уставниот суд на земјата.

Имено, на 6 декември 2024 година, Уставниот суд на Романија реши да ги поништи претседателските избори, чиј втор круг требаше да се одржи викендот после тој датум. Судот на 6 декември одлучи првиот круг да се поништи, а владата да одлучи кога ќе се одржат нови избори. Причината за ова е тоа што во првиот круг победи кандидат од крајната десница Калин Георгеску. Тој е наклонет кон Русија, а Гардијан пишува дека пријавил „нула трошења за изборната кампања“. Во такви услови со нула трошења, се појавија докази дека имало надворешни руски мешања, масовна сајбер кампања на Тик Ток оркестрирана од Москва во негова корист, а која помина под радарот на романските власти.

Романските претседателски избори се сметаат за референдум за идниот курс на оваа членка на НАТО и ЕУ. Илјадници Романци излегоа на протести на улиците во поддршка на останувањето на земјата во евроатлантската заедница. Околу 3 илјади луѓе маршираа во Букурешт вечерта на 5 декември, барајќи Романија да го задржи проевропскиот пат.

Романскиот Врховен совет за национална одбрана (CSAT) на 4 декември декласифицираше документи кои откриваат дека земјата била цел на „агресивна хибридна руска акција“ што доведе до шокантна победа на екстремниот десничар во првиот круг. Следствено, Уставниот суд ја поништи изборната победа на Георгеску, откако разузнавачките служби презентираа безбедносни документи кои покажуваат дека изборната кампања била дел од хибридни напади координирани од странска држава.

Уставниот суд на Романија едногласно одлучи врз основа на членот 146 (ф) од Уставот, а одлуката е поврзана со легалноста и точноста на претседателскиот изборен процес и со неа се бара „целиот изборен процес да се повтори“. Судот наведе дека интегритетот на гласањето бил доведен под прашање, бидејќи еден од кандидатите имал бенефит од нефер промоција.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

Вработени во шест министерства и во уште две други институции од утре ќе протестираат

Вработени во шест министерства, како и нивни колеги од Државниот завод за статистика и Државниот архив, од утре ќе протестираат. Ваботените се незадоволни од непотпишувањето на новите колективни договори со кои...

Не кликајте на линкови за наводни наградни игри и инвестирање во виртуелни валути

Отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид денеска, од повеќе профили на неколку социјални мрежи, евидентирал зачестени објави во кои, од граѓаните се бара со „клик“ на линкот, да ја отворат...

Украинската безбедносна служба испрашува двајца севернокорејски војници

Украинската служба за безбедност продолжува да испрашува двајца севернокорејски војници заробени како воени заробеници во регионот Курск. Украинскиот претседател Володомир Зеленски нуди размена на затвореници ако Ким Џонг Ун помогне во...

Бензинот Еуросупер 95 поскапува за 1,5 денари

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива...

Вработени во шест министерства и во уште две други институции од утре ќе протестираат

Вработени во шест министерства, како и нивни колеги од Државниот завод за статистика и Државниот архив, од утре ќе протестираат. Ваботените се незадоволни од непотпишувањето на новите колективни договори...