fbpx

Ако сака претседателката, Уставниот суд в среда може да расправа за законот за СЈО

-

Иницијативата за оценка на уставноста на Законот за Специјално јавно обвинителство, иако ја нема во веќе објавената агенда на Уставниот суд, сепак би можела да се најде на дневен ред на неговата следна седница, закажана за среда.

Ова, како што велат за „Мета“ извори од Уставниот суд, зависи од судијата известител, кај кого е распределена оваа иницијатива и од претседателката на судот, Елена Гошева, која одлучува за конечниот дневен ред за седниците.

Според ова, судот ништо не го спречува во последен момент да ја промени агендата за следната седница и да ја стави иницијативата за Законот за СЈО на дневен ред, како што тоа веќе го направи неодамна, кога за неколку дена го промени дневниот ред и наместо претходно најавените, како единствена точка за разгледување ја стави иницијативата на ДУИ за уставноста на распуштањето на Собранието.

Произнесување на Уставниот суд за Законот за СЈО е едно од двете клучни барања на граѓаните обединети од граѓанската иницијатива „Протестирам“ и од „Шарената револуција“ и на опозицискиот СДСМ.

Тие порачаа дека доколку нивните барања не бидат исполнети до 18 јуни, „граѓаните ќе ја земат правдата во свои раце и на свој начин“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...