Уставен суд: Се одложува седницата за Законот за јазиците поради правен преседан со судија-известител

Уставниот суд ја одложи седницата за Законот за употреба на јазиците поради тоа што судијата чие назначување е поништено од Управниот суд е известител по предметот. Судот предупредува на правен преседан со кој досега не се соочил и кој има сериозни правни импликации врз неговото натамошно постапување

-

Поради пресудата на Управниот суд со која се поништува одлуката за избор на еден од уставните судии, Уставниот суд одлучи да ја одложи подготвителната седница за предметот за Законот за употреба на јазиците, закажана за 19 јуни. Судот предупредува дека настаната е правна состојба без преседан со сериозни импликации врз неговото натамошно постапување.

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска официјално потврди дека го примил дописот од претседателот на Собранието, со кој е доставена Пресудата У-5 бр.380/2025 на Управниот суд од 15 мај 2025 година. Пресудата се однесува на поништување на одлука за избор на уставен судија.

„Уставниот суд не ја коментира Пресудата на Управниот суд“, се наведува во официјалното соопштение, но се додава дека постапувањето на вклучените институции: Судскиот совет, Собранието и управните судови довело до правен преседан со кој досега не се соочил ниту еден состав на Судот.

Имајќи го предвид ваквиот развој, на денешниот работен состанок Уставниот суд одлучи да ја одложи подготвителната седница за предметот поврзан со Законот за употреба на јазиците. Причината е тоа што судијата на кој се однесува поништената одлука бил назначен за судија-известител на овој предмет. Дополнително, според донесен заклучок, по предметот треба да се постапува во полн состав на Судот.

Судот исто така укажува дека, согласно член 112 став 2 од Уставот, неговите одлуки се конечни и извршни, и нема по службена должност да ги преиспитува одлуките во кои учествувал судијата на кој се однесува Пресудата на Управниот суд.

Додека Трамп размислува за влегување во војна, Израел веќе го нападна иранскиот нуклеарен погон Исфахан

Израел го нападна нуклеарниот објект на Иран во близина на Исфахан, продолжувајќи со својот воздушен напад додека претседателот Доналд Трамп одлучува дали САД ќе влезат во војната на Блискиот Исток, пренесува...

Едно лице е лишено од слобода по поведената истрага за помагање при убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи за проверка на наводите изнесени од обвинет во текот на вчерашното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, стои во соопштението. По...

Пропалестинскиот активист Махмуд Калил ослободен од американскиот имиграциски притвор по повеќе од три месеци

Дипломираниот студент на Универзитетот Колумбија, Махмуд Калил, беше ослободен од американскиот имиграциски притвор, каде што беше држен повеќе од три месеци поради неговиот активизам против израелската војна во Газа, пренесува Гардијан. Калил,...

Протекоа повеќе од шеснаесет милијарди лозинки на корисниците на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл

Оваа сторија првично започна на 18 јуни каде што илјадници корисници на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл се пожалија дека имаат проблеми со нивните кориснички сметки. Но сега, бројката ескалираше драстично...

Додека Трамп размислува за влегување во војна, Израел веќе го нападна иранскиот нуклеарен погон Исфахан

Израел го нападна нуклеарниот објект на Иран во близина на Исфахан, продолжувајќи со својот воздушен напад додека претседателот Доналд Трамп одлучува дали САД ќе влезат во војната на Блискиот...