Уставен суд: Поведена постапка за законските измени на Кривичниот законик

Согласно Актот на Судот, доколку Собранието не постапи по насоките за законски интервенции, Уставниот суд ќе премине во следната фаза од постапувањето, односно ќе се донесе конечна одлука, која може да има укинувачки или поништувачки карактер, во зависност од проценката на тежината на повредата

-

Уставниот суд донесе одлука да се поведе постапка за оценување на уставноста на Законските измени и дополнувања на Кривичниот законик, во целина.

Дополнително, одлучено е Уставниот суд да испрати Известување до Собранието за сомнежите и сознанијата во овој предмет и да му даде рок од максимални шест месеци за да ги коригира спорните законски одредби.

Судот во оваа фаза од постапката изрази сомнеж дека оспорениот акт е во спротивност со темелните вредности на уставниот поредок, односно дека е во спротивност со владеењето на правото уредено со членот 8 став 1 алинеја 3, како и дека не е во согласност со гарантираната уставна заштита за еднаквост на сите граѓани пред Уставот и законите, предвидена со членот 9 став 2 од Уставот.

Судот смета дека под сомнеж може да се стави и материјалниот и формалниот аспект. Неспорно е дека Собранието има надлежност за нормирање на општествени односи, но во овој случај Судот се сомнева дека Законодавецот не водел сметка за уставно-правната реалност и последиците кои ќе настанат по донесувањето на овие законски измени, а се во насока на предизвикување на нееднаквост во казнената политика за сите граѓани.

Уставниот суд изразува сомнеж и за формалниот аспект, односно за постапката на донесување на овој Закон, поради носење на измените во процедура во која се користи европско знаменце иако нема оправдана, деловничка цел за тоа.

Согласно Актот на Судот, доколку Собранието не постапи по насоките за законски интервенции, Уставниот суд ќе премине во следната фаза од постапувањето, односно ќе се донесе конечна одлука, која може да има укинувачки или поништувачки карактер, во зависност од проценката на тежината на повредата.

Судот го зема предвид фактот дека може да настане правна празнина и евентуални последици во отсуство на казнените одредби на кои би се повикале судиите во кривичните постапки, доколку се донесе конечна одлука во следната фаза, без да го извести Собранието и да побара интервенции и токму ова беше клучно да се одлучи прво да се обрати до Законодавниот дом кој е надлежен за интервенирање во законите.

По завршување на седница, претседателот на Уставниот суд даде образложение за денешната одлука и одговори на прашањата од новинарите.

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале...

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Водата во Крива Река има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој најави дека ќе...

Српските студенти на медицина бараат одговорност и оставки поради посетата на Вучиќ на пациенти од Кочани

Студентите на Медицинскиот факултет во белград, побараа да се покрене постапка против одговорните во Ургентниот центар, откако на 17 март без заштитна опрема, во едницата за интензивна нега биле примени претседателот...

Иницијативата „Кој е следен“ се оградува од политичките партии

Иницијативата „Кој е следен“ испрати соопштение преку кое се оградува од политичките партии во нивното делување. Тие се обратија до сите партии и порачаа дека системот против кој се борат е...

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две...