Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) најви дека студентите ќе протестираат в петок и истакна дека нема да го прекине притисокот врз Министерството за образование и наука (МОН) „сè додека бидат обезбедени основните права и услови за секој студент“.
Од УСС УКИМ истакнуваат дека протестот се должи на тоа што пред неколку месеци низ целокупната јавност беше споделено дека изедначувањето на стипендиите ќе важи и за месеците до овој ден, а не од денот на потпишување на договорот и дека студентите се чувствуваат излажани, изманипулирани.
„Ваквиот револт не произлегува само од горенаведениот проблем, туку и од ненавремената исплата на Вашите обврски према студентите по основ на стипендии и студентски оброк, како и сè уште незапочнатата реконтрукција на студентските домови, која исто така беше ветувана“, велат од УСС УКИМ.
УСС УКИМ реагира на ненавремената исплата на субвенционираниот оброк и студентските стипендии
Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ очекува студентите од сите факултети од сите градови да се приклучат на протестот за повторно, како што велат, јавдно ќе го искажат своето незадоволство.
Протестот во петок ќе почне во 18:00 часот пред МОН, до тогаш УСС УКИМ од министерството очекува „да ја исправи оваа неправда“.