УСС УКИМ со реакција за поскапувањето на меѓуградските билети: „Бараме заштита за студентите“

Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по веста за покачувањето на цените на билетите за меѓуградските линии побара мерки за заштита на студентите.
Фото: УСС УКИМ

„Заштитата на студентите и студентскиот стандард треба да се први на листата на приоритети на една држава која сака да напредува и да се извлече од оваа криза. Од овие причини ќе бараме состанок со надлежните институции за заеднички да изнајдеме решение и начин за да ги заштитиме студентите од поскапувањето на цените“, соопштуваат од студентската организација.

Мета.мк претходно пишуваше за реакциите на одредени студенти и граѓани во врска со качувањето на цените на меѓуградските автобуски билети и за последиците кои ќе ги предизвика новата одлука на автобуските компании, а кои за жал, најголемо влијание ќе имаат врз неазвидната финансиска состојба на студентите во земјава.
Од официјалната студентска организација, УСС УКИМ која подолг период се залага за постигнување на основните права на студентите се децидни дека нема да ја занемарат ниту оваа стиуација.
„Покрај тоа што нашето барање за враќање на бесплатни билети за воз е комплетно изигнорирано, и тоа што домување во Скопје претставува особен луксуз за семејниот буџет на студентите кои не се од градот, сега и меѓуградските билети поскапуваат“, велат од таму.