УСС УКИМ на средба со Арсовска: Владата да донесе одлука за бесплатен јавен превоз за студенти

Од средбата со Арсовска, студентите испратија апел до Владата и МОН да ја донесат потребната одлука на утрешната владина седница, со цел ЈСП Скопје да може да го продолжи бесплатниот превоз за студентите во 2025 година

-

За да продолжи бесплатниот превоз за студентите, потребно е Владата на Република Северна Македонија да донесе поединечна одлука со висината на средствата што ќе се релоцираат за таа цел. Ова го соопштија од Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС УКИМ) по денешната средба со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

„Со оваа мерка [Владата] ќе го задолжи Министерството за образование и наука да префрли средства за бесплатен превоз за студентите предвидени на конто за студентски стандард согласно Буџетот за 2025 година“, се вели во соопштението на УСС УКИМ.

Од таму испраќаат апел до Владата и МОН да ја донесат потребната одлука на утрешната владина седница, со цел ЈСП Скопје да може да го продолжи бесплатниот превоз за студентите во 2025 година.

Државниот завод за ревизија во својот извештај објавен во октомври утврди дека МОН две години не исплаќало средства кон ЈСП Скопје за бесплатниот студентски превоз, поради што јавното претпријатие ги возело студентите на свој трошок.

Причината за неисплаќање на средствата е што во 2022 и 2023 година, Владата не донела одлука за продолжување на мерката бесплатен превоз за студенти.

Ова доведе до недоразбирање и обвинувања меѓу Град Скопје и Владата, при што градоначалничката Арсовска тврди дека за бесплатниот студентски превоз, Владата на ЈСП Скопје му должи 8 милиони евра – сума за која рече дека на почетокот од 2025 година ќе порасне на 10 милиони евра.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, претходно во август рече дека нема правен основ по кој МОН би го исплатило долгот и најави дека случајот ќе продолжи на суд.

Ќе останат ли студентите во Скопје без бесплатен јавен превоз?

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...