fbpx

Успешно се возобновува рибниот фонд на Охридско Езеро

-

Рибниот фонд на Охридско Езеро успешно се возобновува. Вештачкиот мрест на охридската пастрмка е при крај, а годинава се собрани повеќе од 2,5 милиони зрна икра.

– Според планот направен од технички лица од Албанија и од Македонија, во суштина, езерото треба да се порибува со 3,5 милиони единки подмладок охридска пастрмка, прихрануван во текот на шест месеци. Во овој случај, македонскиот дел е пополнет, а колку што имаме сознанија, и албанската страна го исполнува планот со 800.000 единки – вели Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот завод во Охрид.

Спирокоски прецизираше дека за потребите на мрестот, се фатени и повторно вратени во Охридско Езеро повеќе од 2.000 килограми охридска пастрмка. Показател е што годинава се фаќани матици, кои биле ловени пред неколку години и повторно дошле на својот мрест.

Ристе Танасоски од „Пастрмка 2012“, концесионерот кој стопанисува со рибниот фонд во Охридско Езеро, додава дека благодарение на одличната физичка заштита на рибочуварите и на соработката со надлежните институции, вешташкиот мрест на охридската пастрмка во 2015 година е најуспешниот во последната деценија.

– Тоа се должи, пред сè, не само на рибочуварската заштита, туку и на сите вработени кои деноноќно ги чуваа плодиштата на охридската пастрмка. Три години веќе учествуваме во вештачкиот мрест на пастрмката, а оваа година успеавме да собереме 2,5 милиони зрна икра, од кои 2.100.000 на охридскиот, а остатокот на струшкиот дел од езерото. Иако колекционирањето икра е речиси завршено, ние и натаму ќе продолжиме со интензивната физичка заштита сè додека трае забраната за лов на пастрмката – вели Танасоски.

Соговорниците напоменуваат дека риботкрадството во езерото, откако тоа има концесионер, е намалено за околу 95 проценти. Остануваат некои поединци рибокрадци, кои можат да се избројат на прсти, но за поголемиот дел од нив веќе има почнато постапка до надлежните судови.

Граничните полицајци од Охрид, во текот на минатиот месец, откриле и заплениле стотина метри рибарски мрежи поставени во реонот во кој патролирале, а покрај тоа, задржале и поголемо количество рибарски алат и прибор. Во текот на минатиот месец, тие спречиле неколку обиди за криволов, заплениле седум килограми пастрмка која била во мрежите, а пријави се поднесени против три лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...