fbpx

Усогласен единствен пристап кон изготвување на документ за долгорочна развојна стратегија на земјава

-

„Националната развојна стратегија“ на земјава ќе се изготвува со усогласен единствен пристап, информираат од Кабинетот на Претседателот на РСМ. Првата фаза од креирањето на овој стратешки документ ќе биде финансирана од Британската амбасада во Скопје, со техничка поддршка од страна на Организацијата на Обединетите нации преку УНДП, а ќе резултира со методологија и оперативна структура која ќе се примени при развивањето на стратегијата, што ќе претставува втора фаза на проектот.

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Рејчел Галовеј, амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Нарине Сахакјан, постојана претставничка на УНДП и Росана Дуџак, постојан координатор на ОН во Република Северна Македонија, а во однос на процесот на изготвување на „Национална развојна стратегија“.

На состанокот се постигна согласност и синхронизација на преземената иницијатива од страна на претседателот Пендаровски „МКД2030“ со процесот на креирање на „Националната развојна стратегија 2021-2041“.

Процесот ќе биде заснован на принципите на национална сопственост, широка консултација, интегрирање на постоечките процеси за интеграција во ЕУ и Агендата 2030 и иновативност.

„НРС 2021-2041“ и „МКД2030“ претставуваат единствен сеопфатен процес за долгорочно планирање, следење и надградување, во коj се и ќе продолжат да бидат вклучени претставници од сите сегменти во општеството.

Оперативната структура на процесот ќе обезбеди вклученост на највисоко политичко, административно, научно, бизнис и општествено ниво, ќе ја води Национален совет за развој, со кој ќе претседава претседателот на државата.

Во овој совет ќе учествуваат и претседателот на Владата и претседателот на Собранието, партиски координатори во Собранието, како и претставници од академијата, бизнисот, работниците, невладиниот сектор и младите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...