Условите за влез во соседните држави на Северна Македонија за време на Ковид-19

Кризата со КОВИД-19 предизвика хаос во границите на европските земји, вклучувајќи ги и балканските земји. Доколку планирате да патувате во овој период, повеќето држави препорачуваат да го одложите патувањето, доколку немате некоја итна потреба. Туристичката сезона само што почнала, неколку држави почнале да ги заведуваат туристите со отворањето на границите, известува Порталб.мк.

Претходно пишувавме за сите држави на ЕУ и Балканот во врска со државните политики за прифаќањето патници внатре во нивните граници. Тоа што треба да го знаете пред да тргнете на пат е дека вестите за отворањето на границите постојано се ажурираат и пред да одлучите да патувате до некоја земја, првин проверете дали има летови или превоз за патување до одреденото место, но погледнете ги и условите за влез во државата во која планирате да патувате.

Во случај да одлучите да патувате во одредена држава, секако треба да ја посетите официјалната веб-страница на Владата, Министерството за внатрешни и надворешни работи, но и дали има некоја специфична веб-страница за пандемијата КОВИД-19 во таа држава. Официјални информации можете да добивате и од веб-страницата на ЕУ која можете да ја најдете: ТУКА.

Денес ќе ги разгледаме само соседните држави на Северна Македонија. Подолу можете да ги најдете условите за влез во соодветните држави.

Северна Македонија продолжува да ги држи затворени границите за странските државјани до следното известување од надлежните органи. Оваа забрана не важи за државјаните на Северна Македонија кои се надвор од државата. Доколку истите одлучат да се вратат во РСМ, тогаш ќе бидат сместени во државен карантин. Ако сакаат да не бидат сместени во државен карантин, треба да имаат негативен ПЦР тест за КОВИД-19, направен во последните 72 часа од моментот кога ја поминале границата, во овој случај истите ќе бидат пратени во 14 дневна домашна изолација. Можно е да и во текот на државниот карантин да се направи тест, но истиот ќе му се наплати на лицето во карантин, и нема да биде на сметка на државата. Доколку не направи тест, лицето е должно да остане 14 дена во карантин.
Детални информации на линкот.

Од понеделник, во Косово се отворија земните граници кои беа затворени уште од 13 март, за да се спречи ширењето на коронавирусот. Националниот Центар за Гранично Управување потврди дека повторно се отворени граничните премини Мердара, Врмица, Кула, Елез Хан, Јарине и Дхеу и бардхе (Бела Земја). Властите одлучија дека сите лица кои влегуваат во територијата на Република Косово и имаат негативни резултати за тестот за коронавирус – не постари од четири дена – да не подлежат на процедурите за самоизолација. Тие што не поседуваат таков тест, се задолжуваат да се самоизолираат за седум дена.
Детални информации на линкот.

Албанија ги отвори сите земни граници и овозможи слободно двежење на луѓето од 1 јуни, иако активните мерки за забрана и понатаму се на сила до 23 јуни. Албанија, со цел да се врати туризмот од 1 јуни, исто така ги отвори плажите и хотелите. Лицата што влегуваат во Албанија немаат никаква обврска за негативен ПЦР тест за коронавирус.
Детални информации на линкот.

Грција најави отворање од 15 јуни за туристи од 29 земји, меѓу кои е и Северна Македонија. Тестирањето и карантинот нема да бидат потребни, но ќе има случајно тестирање за тие што ќе ја поминуваат границата.
Детални информации на линкот.

Србија уште од 21 мај одлучи повторно да ги отвори нејзините граници. Укинати се сите ограничувања како за нејзините државјани така и за странските. Доколку сакате да патувате во Србија, нема потреба да имате ПЦР негативен за КОВИД-19. Владата исто така ја укина мерката карантин. Повеќе детали на овој линк.

Бугарија го забрани влегувањето на странските државјани во територијата на Бугарија од 1 јуни. Од оваа забрана се исклучени државјаните на Бугарија, државјани на земјите-членки на Европската Унија (ЕУ), Велика Британија и Северна Ирска, Шенген Зоната, Република Србија и Северна Македонија. Транзитот е дозволен само во случаите кога се гарантира итно напуштање на Република Бугарија. Доколку лицето има за цел да престојува во Бугарија, тогаш истиот е должен да оди на 14-дневен карантин.
Детални информации на линкот.