Уште една жртва на насилникот од Радовиш јавно проговори

Младата и поранешна жртва В.Г. (19) која била малтретирана од мажот кој што на лајв стрим на ТикТок тепаше жена, објави видео во кое изјавува дека ова не е прв негов случај каде што крвнични малтретира жени

-

„Минатата година во месец март првпат се запознав со човекот и оттогаш започнаа сите напади врз мене. Ме имаше фатено за врат, ме малтретираше и тепаше. Јас плачев, викав на цел глас, но се беше залудно, никој не можеше да ме слушне. Во август месец во исто време не имаше тепано со жртвата од виралното видео на ТикТок“, за Мета.мк изјави поранешна жртва која исто така била крвнични малтретирана од лицето кое тепаше жена на ТикТок лајв стрим.

Младата поранешна жртва В.Ѓ. (19) која била малтретирана од истиот маж, објави видео во кое изјавува дека ова не е прв случај тој крвнични да малтретира жени. Според изјавата која што е објавена на стар ТикТок профил на лицето „Александар Ангелов“ (35) од Радовиш, жртвата тврди дека ова е веќе четврт случај на малтретирање на жени.

Претходно на социјалните мрежи стана вирално видеото на кое се гледа како маж крвнички тепа жена додека е вклучен во живо на социјалната мрежа „ТикТок“. Тој веднаш беше приведен.

Но, Министерството за внатрешни работи откако го приведе насилникот подоцна го пушти на слобода бидејќи, како што велат, нема доволно докази за негово задржување. Лицето беше приведено на сомнение дека сторил кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2, а во врска став 1 од Кривичниот закон. Сегашната жртва, неофицијално, не сака кривично да го гони насилникот.

Поранешната жртва која сега зборува за Мета.мк, тврди дека минатата година, насилникот малтретирал повеќе жртви.

„Живеам во странство веќе пет години, но се вратив во Македонија минатата година во март. Тогаш се запознав со него, бев крвнични малтретирана. Веднаш следниот ден го пријавив случајот. Према него имам гнев и многу се плашам бидејќи ѝ се закануваше на мојата фамилија, на сеста ми и на мајка ми. Со него ќе се видам на судење на 8 април“, вели таа за Мета.мк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by META.MK (@meta_mk)

Приведен насилникот кој во живо на „ТикТок“ крвнички тепаше жена

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...