Уште четири тигри и три лава од зоолошка градина во Њујорк се позитивни на корона вирус

Уште седум големи мачки, од кои четири тигри и три лава во зоолошката градина Бронкс во Њујорк се позитивни на коронавирусот, објави National Geographic. Ова се случува три недели откако се зарази првиот тигар во зоолошката градина. За другите седум мачки се претпоставуваше дека се заразени бидејќи покажувале симптоми на вирусот.

Надлежните од зоолошката градина веруваат дека животните се заразени од вработен кој се грижел за нив, а бил во асимптоматична фаза на вирусот.

Четиригодишната женка тигар беше тестирана на 27 март, откако почнала да покажува знаци на вирусот. Зоолошката градина беше затворена за посетители 11 дена претходно поради рестриктивните мерки предвидени за спречување на ширење на корона вирусот.