Фото/Архива на Мета

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое ја продолжи за 30 дена мерката притвор за лицето Јордан Камчев поради опасност од дбегство.

„Заради интерес на медиумите кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, донесе решение со кое ја продолжи мерката притвор за лицето Ј.К за 30 дена, поради  постоење на околностите од член 165 ст.1 т.1 од ЗКП,“ се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Во Член 165 од Законот за кривична постапка насловен како Основи за опредделување притвор, во став еден и точка еден се вели:

Ако постои основано сомневање дека определено лице сторило кривично дело, доколку притворот е неопходен за непречено водење на кривичната постапка, против тоа лице може да се определи притвор, ако:

1) се крие, ако не може да се утврди неговиот идентитет или ако постојат други околности што укажуваат на опасност од бегство;

Од Судот, информираат дека се работи за предметот во јавноста познат како „Плацеви на Водно”, по кој е поднесено обвинение и е во фаза на оценка на обвинителен акт.