fbpx

Уште 1.000 здравствени работници на едукација во странство, воведени нови методи во ЈЗУ

-

Повеќе од 1.100 доктори и медицински персонал од 44 јавни здравствени установи во Македонија, од 2012 година досега, беа на едукација во реномирани медицински центри во САД, Европа и во Австралија, каде стекнаа нови знаења и веќе ги применуваат најсовремените методи и техники во лекувањето и во третманот на пациентите во земјава. Годинава 1.000 доктори и медицински персонал ќе бидат испратени на едукација во реномирани медицински центри во странство.

Едукацијата на медицински персонал во странство се одвива во рамки на еден од најзначајните проекти на Министерството за здравство, со што дополнително ќе се придонесе кон подигнување на квалитетот во јавните здравствени установи во земјава.

Министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска на прес-конференција рече дека досега во едукација на медицински персонал се инвестирани 90 милиони денари.

– Во 2012 година, реализирани се 69 едукации, во 2013 година на едукација во странство испративме 501 лице, а во 2014 година реализиравме 514 едукации. По завршените едукации, македонските лекари го пренесуваат стекнатото знаење и искуство во својата матична установа, со што значително се унапредува квалитетот на здравствените услуги. Едукациите овозможуваат докторите да стекнат бројни професионални контакти, да развијат пријателства со нивните странски колеги, со кои продолжуваат да соработуваат и да се консултираат за различни аспекти од работата – рече Тодоров.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...