УСАИД прослави 30 години партнерство во земјава

-

Пред точно два месеци, УСАИД ја започна кампањата за одбележување на 30-годишнината од партнерството во земјава. Вчерашниот настан во Скопје воедно беше и завршен од низата настани низ осум градови. Охрид беше првиот од 8-те градови кои ги посети патувачкиот карван “Инспирирај се за иднината”, а по него следуваа Штип, Тетово, Кавадарци, Битола, Струмица и Куманово.

Со патувачкиот карван беа презентирани активности предводени од млади луѓе, ученици, наставници, уметници, претприемачи и други професионалци кои се вклучени во различни програми на УСАИД и јасно ги манифестираа резултатите од долгогодишната работа во партнерство со Северна Македонија.

„Во изминативе три децении, нашиот однос со оваа земја еволуираше во стратешко партнерство и сојуз. Сега работиме заедно како рамноправни партнери – и пријатели – за заеднички да создаваме и имплементираме локални решенија и да донесеме одржлив развој и позитивни промени. Сега повеќе се фокусираме на вашето лидерство и инвестирање во три клучни области: подобрување на економската продуктивност, поттикнување на младите да преземат активна улога во иднината на земјата и намалување на корупцијата. Последново – намалувањето на корупцијата – е важно затоа што корупцијата во која било форма го спречува економскиот, социјалниот, образовниот и структурниот успех на земјата”, истакна американската амбасадорка Анџела Агелер во нејзиното обраќање.

По поздравното обраќање на амбасадорката Анџела Агелер, публиката на настанот во Скопје можеше да го проследи возбудливиот мотивациски говор на авторката и активистка Бистра Георгиева. Следеа авангардните креации на средношколците од средното училиште „Кочо Рацин“ од Скопје, како и колекцијата од највпечатливи креации од средношколците од сите седум градови каде претходно патуваше караванот, а кои беа направени од реупотребени материјали под менторство на младата и истакната дизајнерка Ирина Тошева.

Беа претставени креациите од средношколците од скопските гимназии „Јосип Броз Тито“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Никола Карев“ и „Орце Николов“ како и од гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово, по што следеше изложбата на фотографии и исклучително впечатливиот концерт на студентскиот џез-бенд при Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Како дел од одбележувањето на оваа 30-годишнина, УСАИД во соработка со општините, им овозможи и на истакнати млади уметници заедно со учениците од средните училишта да креираат серија од осум мурали на тема „Партнерство за подобра иднина“, кои беа нацртани на видливи места во градовите кои ги посети карванот.

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Скулптурата „Отровни стрели“ поставена на скверот кај Порта Буњаковец

На скверот кај Ким во Порта Буњаковец, во центарот на Скопје, поставена е впечатлива уметничка инсталација, насловена „Отровни стрели“. Идејата за оваа скулптур, која го претставува говорот на омраза како невидливо,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени...