Група демонстранти предводена од раководството на ДУИ во моментов е во Бутел на местото каде што е поставен камен-темелникот за крстот, објави „Нова ТВ“.
Тие го разурнаа целиот ограден простор околу темелникот и поставија шатори и албански знамиња. Дел од демонстрантите на новинарските екипи им забрануваат да се приближат до местото и до албанските знамиња.
На протестот се присутни и малолетници, а на разглас се држат говори на албански јазик.
Претходно пред присутните се обрати градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, кој порача дека протестот е резултат на верската поделба што се провоцира со поставување на крстот, бидејќи според него, на крстовите и на минарињата, местото им е во верските објекти, а не среде улица.
Иако, според него, се работи за граѓански револт, во првиот ред предводници на поворката демонстранти беа функционерите на ДУИ.