fbpx

Уредничката на БиБиСи Украина: Веќе нема безбедно место

-

Бев уште будна кога среде ноќ добив порака од еден колега за говорот на Владимир Путин во кој ја најави инвазијата. Веднаш потоа почнаа експлозиите. Можев да ги слушнам од мојот дом, а луѓето од различни делови на градот почнаа да испраќаат пораки во нашата WhatsApp група за експлозии што се случуваат во нивна близина, пишува Марта Шокало, уредничката на БиБиСи Украина.

За нас беше голем шок кога ​​сфативме дека нападот е врз самиот Киев, а не на линијата на фронтот на истокот. Во Украина веќе нема безбедно место.

Најголемиот страв за обичните луѓе овде е да не снема струја и да не снема интернет – тогаш навистина би биле изолирани. Друг страв е дека мостовите на реката Днепар ќе бидат бомбардирани, со што ќе се поделат источната и западната половина на градот.

Експлозиите продолжија околу 30 минути.

Му помогнав на мојот 10-годишен син да се облече. Појадувавме седејќи што е можно подалеку од прозорците, но тој беше толку исплашен што поврати. Однесовме свеќи и малку вода во нашата визба, која ќе ни биде прибежиште ако работите се влошат. 

Пред супермаркетите во близина на мојот дом, како и пред банкоматите, од кои најголем дел останаа без кеш, има огромни редици. И некои бензински пумпи сега се празни и затворени. Во воздухот се чувствува паника, сега кога знаеме дека целата земја е нападната.

Патиштата надвор од градот се блокирани со сообраќај, но тоа е опасно патување – седејќи во долги, бавни редици на сообраќај, лесно може да останете без гориво далеку од дома. Возовите работат, но има големи толпи луѓе кои се обидуваат да најдат место. Украинскиот воздушен простор е затворен, според воената состојба воведена од страна на претседателот Зеленски.

Не се уништени само воени цели – имаме фотографии од станбени згради во голем број градови низ земјата кои се директно погодени. Руското бомбардирање ги зафати сите региони на земјата. Дури и во Лвив, блиску до полската граница, утринава се вклучија сирените и еден колега мораше да се појде во засолниште. Еден колега заедно со своето семејство замина од Киев со надеж дека ќе ги избегне нападите од воздух. Селата можеби се побезбедни од градот, но во земја која е нападната од север, исток и југ, тука веќе нема навистина безбедно место.

ИзворБиБиСи

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...