„Урбана змија“ – проект од студенти за дворот на студентскиот дом „Гоце Делчев“

На 18 септември, во дворот на Ерор колектив, ќе биде организирана промоција на проект на студенти за дворот на студентскиот дом „Гоце Делчев“. Проектот е наречен „Урбана змија“ (Urban Snake) и е изработен од студенти по архитектура, студенти од Машинскиот факултет и студенти на дизајн.

„Проектот се состои од креативна урбана опрема во дворот на студентскиот дом Гоце Делчев во Скопје која има за цел да внесе нови содржини и поголема активност во дворот“ – велат од МЕЕЛЕМ, кои го организираат настанот. Бидејќи овој проект е направен од студенти, тие примаат донации за реализација на истиот, а повеќе за тоа можете да прочитате овде.

На настанот ќе се внимава на дистанцата и сите коишто ќе присуствуваат треба да носат маски согласно мерките и протоколите на владата.

Повеќе за проектот можете да погледнете овде:

📢📢📢Urban Snake е проект изработен од студенти од факултет по архитектура, дизајн и машински факултет за време на…

Gepostet von MELEEM Skopje am Montag, 17. August 2020