fbpx

Ураганот Марија ја опустоши Доминикана

-

Четвртиот голем ураган оваа година – Марија, кој се засили, преминувајќи во петта категорија, ги погоди карипските острови Гвадалупе и Доминикана. Предупредување е издадено и за Порторико и за Девствените Острови, каде се подготвени 450 засолништа за околу 68.000 луѓе, јавуваат светските медиуми.

Ветровите дуваат со околу 260 километри на час, а ураганот Марија се движи по речиси истата рута како и ураганот Ирма и би можел да предизвика голема штета во и онака уништеното подрајче, низ кое пред десетина дена помина Ирма, при што загинаа повеќе од 80 луѓе.

Премиерот на Доминиканската Република, Рузвелт Скерит, на „Фејсбук“ објавил дека ветерот го однел покривот од неговата куќа, која се целосно поплавена.

Блискиот остров Мартиник прогласи тревога од највисок степен, додека на Гвадалупе е наредена евакуација на жителите.

Метеоролозите предупредуваат дека силниот дожд, предизвикан од ураганот, може да предизвика поплави опасни по живот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...