fbpx

Управниот одбор на ЈП „Исар“ 15 месеци работи со изминат мандат

-

Здружената опозициска коалиција во Штип побара да се закаже вонредна седница на Советот на Општина Штип, со единствена точка за избор на нов управен одбор на најголемото јавното претпријатие во градот – „Исар“.

Претседателот на општинската организација на СДСМ, Владимир Милошев, на денешната прес-конференција рече дека управниот одбор на „Исар“ веќе 15 месеци е со изминат мандат.

– Одговорноста, пред сè, е на градоначалникот Илчо Захариев. Градоначалникот, за кој, како што чувме, неговите сопартијци сметаат дека е „невиден бандит“, не ја исполни својата законска обврска да распише конкурс за именување нови членови бидејќи мандатот одамна им е истечен – рече Милошев.

Тој појасни дека градоначалникот ги извршува одлуките на Советот и е директно надлежен за законитоста на работењето на јавните претпријатија.

Коалицијата ги смета за нелегитимни одлуките што се донесени во овие изминати 15 месеци, со што, како што рече Милошев, се отвора сомнеж за незаконско трошење пари.

– СДСМ и коалиционите партнери до Државната комисија за спречување на корупцијата и до Државниот завод за ревизија денеска ќе поднесат претставки поради спроведување одлуки кои не се законски и немаат правна основа – соопшти Милошев.

Претставките се против градоначалникот, претседателот на Советот, поранешното и сегашното раководство на „Исар“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...