fbpx

Управителот на „Беса транс“ не се чувствува виновен за фалсификување извод од лиценца за меѓународен превоз

-

Во Основниот кривичен суд – Скопје денеска започна судењето за „Беса Транс“ поврзано со автобуската несреќа во Бугарија во која при пожар на автобус загинаа 45 патници. Управителот, Беким Хаџиу е обвинет за фалсификување извод од лиценца за вршење меѓународен патен сообраќај, рече дека не се чувствува виновен.

Пред тој да се произнесе, на денешното рочиште, обвинителот Владимир Милошески го опиша обвинителниот предлог според кој управителот на „Беса транс“ преку возачите што го управувале автобусот употребувал извод за лиценца која воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски.

Според обвинителството, со фалсификуван изводот од лиценца за меѓународен сообраќај автобусот лани во периодот од 10 јануари до несреќата во ноември 20 пати излегол од државата. А, најмногу, односно 10 пати поминал на „Деве Баир“ и возел на релација од Скопје кон Истанбул.

Во судницата, пред судијата Ивица Стефановски, сведочеше и претставник на Министерството за транспорт врски, кое е надлежно да издава лиценци, и објасни дека компанијата „Беса транс“ имала лиценца за слободен меѓународен превоз на патници. Поточно, наводно имала документ кој се однесува на фирмата и врз основа на него се издаваат изводи од лиценци за секое возило посебно. Според сведочењето, изводи од лиценци за меѓународен превоз „Беса транс“ имала за пет автобуси, но помеѓу нив не е автобусот од несреќата.

Од друга страна, одбраната тврди дека во случајот немало фалсификување. Адвокатот Асмир Алиспахиќ за медиумите рече дека не е точно оти се употребувала фалсификувана исправа ниту пак се правел лажен документ, а не се менувала и некоја постоечка лиценца за да се користи како вистинска.

А, на прашањето, како патувал автобусот само со лиценци, а без извод за конкретното возило Алиспахиќ рече дека за тоа како цариниците дозволувале, треба да одговорат истражните органи.

„Во конкретната ситуација ние имаме опис и обвинение каде се обвинуваме за фалсификување на исправа. Во ситуацијата обвинетиот ниту направил лажна ниту менувал постоечка за да ја употреби“, рече Алиспахиќ.

Судот на 14 октомври го одложи првото рочиште од судењето за „Беса Транс” бидејќи не беше можно да прифати во оваа постапка обвинетиот сопственик и управител на фирмата да биде и овластен претставник на компанијата како обвинето правно лице.

Се одложи судењето за Беса транс, компанијата немала официјален застапник

Основното јавно обвинителство – Скопје кривичната пријава за фалсификување исправа против управителот на „Беса Транс“ ја поднесе на 5 септември, а доказите за цариниците на граничните премини кои биле задолжени да ги контролираат изводите од лиценците наведе дека ќе ги достави до специјализираното Одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Загинаа 45 македонски државјани во пожар на автобус близу Перник, Бугарија

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...