fbpx

УПОЗ: Караџовски излажа и ја остави судската администрација и без плата и без нејзино зголемување

-

Откако Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) и Здружението на судската администрација (ЗСА) остро реагираа денеска, обвинувајќи ги првиот човек на Судскиот буџетски совет, Зоран Караџовски, и одговорните лица во Министерството за финансии, дека пред празниците не само што не го добиле најавеното зголемување на платите од 10 отсто, туку и уште не добиле плата, Караџовски експресно реагираше, ама со известување од една реченица – дека е донесена одлука за одлагање на ветеното.

„Судскиот буцетски совет денеска одржа седница на која донесе одлука за одложување на извршувањето на одлуката за исплата на додатоци на плата за вработените во судска власт“, гласи краткото соопштение.

Синдикатот на УПОЗ побара Караџовски и одговорните лица во Министерството за финансии да одговорат зошто, доколку во буџетот не биле предвидени средства за исплата на зголемувањето на плата во висина од 10 отсто, на сите вработени во судовите им биле поделени решенија за утврдување на работна успешност за март, во висина од 10 отсто на основната плата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...