Уписите во средните училишта почнуваат на 14 јуни

Конечните ранг листи по двете пријавувања, училиштата ќе ги објават на 2 јули

-

Министерството за образование објави дека првото електронско пријавување за упис во средно образование во учебната 2025-2026 година ќе биде од 14 до 17 јуни, а второто на 30 јуни. Конечните ранг листи по двете пријавувања, училиштата ќе ги објават на 2 јули. Како и во изминатите учебни години и годинава учениците ќе треба да достават и хартиени документи до училиштата, а МОН вели дека се прават напори од следната учебна година процесот целосно да се дигитализира.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека општините имале обврска да направат анализа на пазарот на трудот и да го известат Министерството за кадарот кој им е потребен. Врз основа на тоа бил креиран конкурсот, кој е објавен на веб страната на Министерството и во печатените медиуми.

Полагањето на државната матура оваа година делумно ќе се организира во холовите и спортските сали во училиштата, а дел од учениците ќе полагаат во амфитеатрите на најблиските факултети.

Гласен молк од партиите по укинувањето на одредбите во Изборниот законик

Иако се толкува како победа на независните здруженија и иницијативи, наспроти големите политички партии, укинувањето на спорните два члена од Изборниот законик од страна на Уставниот суд остави правна празнина за...

Потврдени два случаи на мајмунски сипаници во Македонија

Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија (ИЈЗ) сношти потврди дека се регистрирани првите два лабораториски потврдени случаи на мајмунски сипаници (Monkeypox) во земјава. Пациентите биле упатени од Клиниката за кожни...

Шок на Харвард по забраната за упис на студенти од странство

Страв и конфузија завладеа на Харвард, еден од најпрестижните универзитети во светот, откако администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп објави дека повеќе нема дозвола да запишува меѓународни студенти, објави Њујорк...

Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Со потпишувањето на новото партнерство Влада со Влада, денес започнува нова ера во односите помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, соопшти Британската амбасада во Скопје. Како што велат од таму, партнерството...

Гласен молк од партиите по укинувањето на одредбите во Изборниот законик

Иако се толкува како победа на независните здруженија и иницијативи, наспроти големите политички партии, укинувањето на спорните два члена од Изборниот законик од страна на Уставниот суд остави правна...