Се мислите да почнете со левелирање во Класик? Не сте сигурни што е со целиот хајп околу оваа „ванила“ верзија на WoW? Ако би почнале, на кој сервер би било тоа, која комбинација на раса и класа е најдобра? Бидејќи најголемиот дел од овие одлуки мора да се донесат пред воопшто и да влезете во играта, и истите се прават само еднаш и не може да се променат, одбирајте внимателно. Добрата вест: не сте единствени во овие дилеми. Уште подобра вест: ние ќе ви помогнеме во изборот.
1. Одбирање сервер
Изборот на сервери, од лансирањето на Класик, се зголеми за десетпати. Играчите од Европа сега имаат пристоен избор за тоа каде да го почнат нивниот грајнд до 60, вклучително и „помеките“ ролплејинг сервер (RP) или комбинацијата на RP со „класичен“ PvP сервер – RPPvP. За хардкор генкерите, и оние кои сакаат навистина автентично ванила искуство – препорачуваме строго PvP сервер, и тоа сервер што има најмалку medium популација во peak hours.
Под peak hours подразбираме активен гејм тајм на барем 30% од вкупната популација на серверот, вообичаено за Европските сервери тоа е периодот од петок попладне, од 18:00, па до недела вечер, 23:00. Освен викендите, вообичаени spike-ови може да се очекуваат во вторник и среда вечер, од 18:00 до 00:00 часот.
Најважното нешто при одбирањето на сервер е – дали генерално планирате да играте сами, или почнувате со друштво од прв левел. Во Класик, за разлика од поновите експанзии, нема крос-реалм идење во инстанци, економијата на серверот е врзана за истиот, како и маневрирањето (realm-hopping) не е дозволено, бар не во моментов. Единствено е најавено дека ќе има бесплатен трансфер на карактери од серверите кои се полни од самиот почеток, на помалку населени сервери.
Доколку +/- 60% од времето планирате да сте онлајн сами, тогаш можеби вреди да се размисли дали реално мора да се „врзете“ за сервер што некој од вашите пријатели го одбрал како „најдобар“, а сега е преполн и се чека по половина час и повеќе за воопшто и да влезете in-game.
Добро е, пред да одберете сервер, да се договорите со оние со кои сакате да левелирате заедно, кога тие можат да бидат онлајн – секој има различен „распоред“: курсеви, активности после работа/факултет/училиште, време за поминување со најблиските, викенди „резервирани“ за спортски активности, итн.
На крајот на денот, Класик е игра каде примарно од играчите се бара да инвестираат време. Само „квалитетно“ поминато време на серверот, било тоа да е грајндање ресурси, одење инстанци со random луѓе, или генкање во STV, придонесува да развиете и оддржите репутација кај останатите играчи на серверот.
Твоето однесување и репутацијата која ќе си ја „заработиш“ на серверот во најголемиот дел од случаите е пресудна за твоето „ванила“ искуство. Иако е најавен бесплатниот трансфер од пре-населените сервери, целата поентата на „ванила“ заедницата е токму репутацијата која секој играч ја поседува. Дали ќе бидеш познат по поткраднувањето на мајнерски нодови, генкањето на гномови во почетната зона, или пак ќе те знаат сите како мејџот што секогаш е расположен да услужи со портал и колачиња – останува на тебе.
2. Алијанса или хорда?
Ок, одбравме сервер, конечно. Сега втората тешка одлука – ќе играме алијанса или хорда? Ајде да видиме што е најпаметно.
Генерално, хордата секогаш има побројна популација, и ова особено важи за PvP серверите (што нели ги препорачавме). Ова повлекува неколку работи, некои добри, некои и не баш така сјајни:
- можност за server queue ако продолжи серверот со раст (или луѓе едноставно не се откажуваат);
- многу поголема шанса за чекање во BG queue;
- доминација во WPvP (World PvP, a.k.a. генкање) – традиционално, хордата има „порасположени“ соиграчи кога станува збор за „дробење“ на противниците додека овие збираат печурки во Бедлендс;
- нешто поголема конкуренција за грајндање мобови и ресурси во подоцнежните левели;
- нешто поголема конкуренција за место во рејд (ако планирате и PvE од време на време);
- само хорда има опција за шаман во Класик. Така што, ако некој запнал да левелира шаман, веќе сте одбрале хорда;
- хордата има поефикасен систем на поврзаност на почетните хабови со трчање/грајндање/квестање/инстанци т.е. искуството од 0 до 40 левел е секогаш полесно ако сте хорда. После 40 левел, разликите се минорни. Ако сакате побрзо да излевелирате (а не планирате аое соло близард грајнд), одберете хорда.
Алијансата, нема шаман, но има паладин. Освен нашиот бабл витез, специфично за алијансата е:
- редовно има помалку играчи од хорда – далеку помали шанси за queue во BG;
- „порелаксирано“ (и мааалку подолго) левелирање. Доколку сакаш да трчаш – буквално – на долги патеки, од зона во зона, со лошо распределени flight path-ови, и да истражуваш, алијанса е за тебе;
- традиционално помалку PvP „освестени“ играчи – не очекувај дека гномот што фарма скорпии до тебе, ќе се впушти да ти помогне, кога ќе те бркаат два орк хантера пред пристаништето во Танарис;
- исто како со шаманите, ако некој од друштвото запнал да игра паладин, веќе сте одбрале алијанса;
- поради веројатната помала бројност на алијансата, добивањето рејд место е нешто помалку комплицирано – ако PvE ти е пасија, можеби треба да размислиш за алијанса;
- дополнително на погорното – ако сакаш речиси загарантирано место во PvE содржини, одбери алијанса protection warrior. Другата опција е dwarf holy/disco priest, ако лечењето не ти е проблем;
- ако веќе си одлучил за PvP со warlock или priest – најдобро е да ја игнорираш алијансата комплетно. Oвие две класи донекаде се потпираат на fear механизмот, а Undead racial-от е едноставно феноменален за токму ваквите PvP ситуации, и секогаш ќе „играш“ со хендикеп против хордашите пристови и ворлоци.
Не е така едноставно, нели? Особено кога ќе помислиш дека менувањето од алијанса во хорда, и обратно, можеш да го направиш само еднаш во Класик.
Да се обидеме да сумираме:
- ако приоритет ти е PvP, и си „соло“ играч: одбери алијанса;
- ако приоритет ти е PvP, и не си сам/а, речиси никогаш: одбери хорда;
- ако планираш хардкор, high-end PvE, играј warrior, и тоа: хорда – orc, алијанса – human;
- ако не знаеш на што ќе посветиш повеќе време, PvE или PvP, а не си сам/а:одбери паладин;
- ако сакаш брзо левелирање, се мислиш меѓу PvE и PvP, а си сам/a: одбери хорда, и тоа Undead mage, frost;
- ако немаш толку време да посветиш на играта: одбери хорда (било што освен warrior).
На крајот на денот, секогаш е најдобро изборот на алијанса или хорда да зависи од крајната цел: дали е поважно да се дружам онлајн со пријателите, а тоа да ме чини 2% помалку DPS во AQ40, или да левелирам сам дворф хантер на некој полу-празен сервер, само за да се „пофалам“ дека сум server first 60. Изборот, како и секогаш, е ваш.
3. Раса и класа
Најголемиот „проблем“ при одбирање одредена класа е тоа што само одредени раси ја поддржуваат истата. Освен warrior. Warrior може да е секој. Што кажува многу за самата класа.
На горната табела е посочено ограничувањата на секоја од расите.
Според табелата, доколку дефинитивно сте одбрале паладин како класа – морате да изберете помеѓу хјуман и дворф. Истиот ограничен избор важи за шаман, но и за друид. Овие три класи се достапни за само дел од расите. Значи ако сте одбрале алијанса со друштвото, а некој имал желба за друид – мора да одбере Најт Елф!
Но, да речеме дека не сте одлучиле, или пак планирате класа која има повеќе можности за раси *кхм, warrior, кхм*. Како најпаметно да одберете, и кое комбо е „најдобро“? Па, да сумираме:
PvE ориентирани комбоа:
- gnome mage (најдобар ranged DPS);
- orc/ human warrior (најдобар melee DPS);
- human priest (најдобар хилер);
- human/tauren warrior (најдобар тенк).
PvP ориентирани комбоа:
- undead mage (најдобар ranged DPS);
- undead rogue (најдобар melee DPS);
- human paladin (најдобар хилер);
- tauren/night elf druid (најдобар за WPvP и WSG).
Се гледа одредена шема, нели? Доколку поголемиот дел од времето планирате да го поминете „гонејќи“ ги противници додека квестаат, или пак целото друштво сте решени да доминирате во AB/WSG, подобро погледнете ги PvP оптимизираните класи/раси.
Доколку, пак, поголемиот дел од времето планирате да го поминете во собирање gear, фармање репутација за ретки рецепти, и „чистење“ на BWL (кога ќе излезе!), тогаш подобро погледенете ги racial бонусите на алијансата, особено на human.
Подолу, освежена табелата што претходно ја видовме, овојпат со додадени наши предлози за PvP комбинации.
На крајот на денот, одбирањето комбо на класа и раса се сведува на следново: доколку аватарот ти е интересен, you can make it work. Нема правила дека ако си, на пример, Night Elf hunter, нема да можеш да достигнеш 14 ранк во PvP. Единственото нешто што овие мали бонуси го додаваат на искуството е нивниот потенцијал, во одредени ситуации, да ти го направат патот до целта нешто полесен.
Единствено би препорачале, на оние кои хардкор PvE им е крајната цел – за нив изборот на раса има поголема тежина, и како напредувате подлабоко во end-game контентот, така и тие стануваат поважни. Со други зборови, размислете двапати дали сте подготвени да го жртвувате првото DPS место само затоа што сте одбрале сладок гном, наместо хјуман вориор.