Универзитетот во Тетово за скандалот со плагијаторство: Тоа се обиди да нè оцрнат како институција

Фото: ДУТ

Од Универзитетот во Тетово вчера за првпат го коментираа скандалот со плагијаторството. Велат дека научните истражувања на Универзитетот во Тетово се во согласност со сите критериуми и услови. Во врска со обвинувањата на поранешниот декан, Кастриот Хаџиреџа дека бил отпуштен затоа што го кренал гласот за тоа, од УТ велат дека тој заминал поради лошо управување, неефикасност и не реагирање на неправилности, пишува Порталб.мк

Од овој универзитет сметаат дека не е нивна должност да коментираат за „откритијата на медиуми што немаат автори“, сепак, тие нагласуваат дека „научно-истражувачката активност се спроведува во согласност со сите научни критериуми“.

„Универзитетот во Тетово внимателно го следи објавувањето на „информации“, кои фрлаат сомнеж на научните истражувања на некои професори на Факултетот за медицински науки. Иако не е должност на нашата институција да ги коментира „откритијата“ на „медиуми“ со анонимни автори, ние ја информираме јавноста дека едукативната активност, научното истражување на академските единици на Универзитетот во Тетово, се спроведува во согласност и целосно почитување на научните критериуми. Академските достигнувања, одбраната и објавувањето на научни трудови се предмет на механизми за филтрирање, кои проверуваат или ги дисквалификуваат одреден истражувачки придонес“, соопштија од Универзитетот во Тетово.

Во врска со наводите на поранешниот декан на Медицинскиот факултет дека бил разрешен затоа што го кренал гласот за феноменот на плагијатури, УТ го тврди спротивното, тие потенцираат дека Кастриот Хаџиреџа бил разрешен поради непрофесионализам.

„Во врска со разрешувањето на поранешниот декан на Факултетот за медицински науки, Проф. д-р Кастриот Хаџиреџа, ја информираме јавноста дека ректорот на Универзитетот ја донесе оваа одлука како резултат на лошо раководење, неефикасност во работата, нереагирање на време на неправилности и нарушувања на работната етика, непреземање на законски – статутарни одговорности и недостаток на координација со Наставниот совет научен за оваа академска единица“, изјавија од УТ.

Инаку, за Универзитетот во Тетово, овие публикации се обични обиди да се оцрни оваа институција од страна на анонимни издавачи, медиуми без адреса и луѓе со сомнителни агенди. Во моментов се чека инспекција на Просветниот инспекторат.

Државниот инспекторат за образование, одговарајќи на прашањето на Порталб.мк, потенцираше дека жалбата по ова прашање стигнала на нивната адреса не порано од вчера, и потврдија дека ќе има теренска проверка во наредните денови.

„Да, легитимни поплаки за можно плагијаторство на Универзитетот во Тетово стигнаа до нас вчера. Затоа, во наредните денови, инспекторите ќе излезат на терен за да видат за што станува збор, за да ја видат фактичката состојба“, изјавија од Државниот инспекторат за образование.

Истото го потврдија и од Министерството за образование и наука, и исто така гарантираат дека „Државниот инспекторат за образование како надлежна институција ќе постапи според законските обврски во конкретниот случај“.

Поранешниот декан на Медицинскиот факултет во УТ за Алсат М: Наводите на „Веритас“ за плагијатура се точни

Поранешниот декан на Медицинскиот факултет, Кастриот Хаџиреџа изјави дека неговата реакција на овие плагијати го чинела разрешување од функцијата декан на овој факултет. Тој не се согласува со сегашниот декан, Невзат Елези, дека УТ не добил никакви поплаки за ова прашање. Хаџиреџа дури вели дека биле „бомбардирани со имејл пораки“.

„Од март минатата година помина една година откако јас лично како декан на факултетот за медицински науки, ректорот на УТ, канцеларијата за наука на УТ и некои еминентни професори, бевме бомбардирани со вакви имејл пораки. На првиот состанок што го имавме за академско унапредување на еден од професорите, кој беше апострофиран во „Веритас“, беа откриени сите вистини и жестоко дебатиравме во наставниот совет затоа што го бранев достоинството на медицинскиот факултет и УТ дека не може да ги затвориме очите и да поминеме преку овие проблеми затоа што проблемот не се затвора со прикривање“, рече Кастриот Хаџиреџа, поранешен декан на Медицинскиот факултет.

Тој исто така ги отфрла тврдењата на сегашниот декан дека некои од трудовите кои се обвинети за плагијат не се завршени, и потенцираше дека овие трудови се веќе објавени во научни списанија.

„Вчера ја слушнав изјавата на деканот кој ме заменува и навистина жалам што тој се оправдува со фактот дека трудовите се во тек, бидејќи се работи за објавени дела. Ова се трудови објавени во списание и тука нема што да поправите. Ниту еден граѓанин не треба да ме прашува мене или некој друг дали се точни овие тврдења на Веритас? Земете го трудот, ставете го во системот за анти-плагијатура и сè излегува на виделина. Јас лично, како декан, некои од овие трудови, нормално ги ставив во системот за анти-плагијатура и тврдењата што ги прави страната која пријавува, се покажа сто проценти точни“, потврди за Алсат М.

Инаку, во имејлот до редакцијата на Порталб.мк, во вторникот (16 март) пристигна документ (ПДФ), кој беше потпишан дека е направен од „Истражувачи на иницијативата за подобрување на квалитетот во високото образование (НИРЦАУ) (NIRCAU)“, а со назив „Веритас магазин“. Во имејлот се вели дека некои професори на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Тетово, незаконски ја добиле титулата, односно крадејќи трудови од други автори без да ги цитираат, а двајца од нив, успеале да станат професори со непочитување на Законот за високото образование.

Порталб.мк повторно се обиде да ги контактира и очекува одговори од сите обвинети за плагијаторство и за добивање на работното место со непочитување на Законот за високо образование, меѓутоа истите не одговараат на нашите прашања.

Заменик министер за образование, Арафат Шабани за Порталб.мк: Доколку обвиненијата се докажат, плагијаторите треба да бидат казнети

„Доколку се потврдат обвинувањата за професорите на Универзитетот во Тетово за плагијаторство, тие треба да ја добијат заслужената казна“, изјави заменик министерот за образование и наука, Арафат Шабани за Порталб.мк коментирајќи ја студијата на „Веритас“ според која се обвинуваат 9 професори на Медицинскиот факултет на УТ за плагијаторство и кршење на Законот за високо образование.

Арафат Шабани истакна дека е информиран за овој случај последните денови и дека претходно немал сознанија за тоа, и додаде дека одговорноста во овој случај е индивидуална доколку обвинението се докаже со релевантни факти.

„Изминативе денови сум информиран за објавување на неколку плагијатури на неколку научни трудови на некои професори на УТ. Јас, како Заменик-министер за образование и наука, ја поддржувам идејата дека треба да се откријат какви било можни неправилности или скандали, и ако овие наводи навистина се потврдат, тогаш вклучените актери несомнено треба да ја добијат заслужената казна. Секој мора да сноси индивидуална одговорност за можни злоупотреби во УТ “, рече Арафат Шабани, Заменик министер за образование и наука.