fbpx

УНИЦЕФ: Да се заштитат децата-мигранти

-

„Трогателни слики од детски тела исфрлени на бреговите на Европа, тела кои лежат задушени во задниот дел од камионите што ги минуваат границите, тела прегазени од очајните родители преку огради од бодликава жица… Со продлабочувањето на мигрантско-бегалската криза во Европа, ова нема да бидат последните шокантни слики што се шират низ светот преку социјалните медиуми, на нашите телевизиски екрани и на насловните страници на весниците“, изјави извршниот директор на УНИЦЕФ, Ентони Лејк.

– Но, не е доволно само светот да се шокира од ваквите слики. На шокот мора да се одговори со акција затоа што маката на овие деца не е ниту по нивни избор, ниту во нивна контрола. Тие имаат потреба од заштита. Тие имаат право на заштита. Повикуваме да се преземат следниве мерки: заштита на овие деца преку обезбедување основни услуги во секое време, вклучувајќи здравствена заштита, храна, емотивна поддршка и образование, и соодветно засолниште за мигрантите и за бегалците, во кое семејствата ќе останат заедно; распоредување на соодветен број обучени експерти за заштита на децата заради поддршка на децата и на нивните семејства; продолжување со потрагите и со спасувачките операции, не само на море, туку и на копно, додека семејствата се движат низ земјите, и вложување на сите напори за да се спречи злоупотребата и експлоатацијата на децата-мигранти и бегалци; ставање на најдобрите интереси на децата на прво место при сите одлуки во врска со овие деца, вклучувајќи и во случаите на азил. Нашите срца денеска се со семејствата кои ги загубија децата – во близина на брегот, на самиот брег и на патиштата во Европа. Додека продолжуваат дебатите за политиките, никогаш не смееме да ја изгубиме од вид длабоко човечката природа на оваа криза – вели Лејк.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...