Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) минатата недела спровеле 192 надзори во малопродажни објекти – мини маркети и продавници за храна, при што биле изречени 23 парични казни.
Инспекторите ја контролирале исполнетоста на хигиенските барања за безбедност на храната, здравствените барања за вработените лица, температурниот режим на чување на храната, како и дефинираните рокови на трајност на производите.
Со контролите било утврдено дека 12 од продавниците воопшто не биле регистрирани во АХВ како оператори со храна, во девет објекти вработените лица немале извршено задолжителни здравствени прегледи, а девет оператори не ги задоволувале хигиенските барања за безбедност на храната.
Уништени се триесетина килограми небезбедни производи – замрзнато месо, млечни производи, преработки од месо и над 66 литри јогурт.