fbpx

Уништена повеќе од 2,7 тони небезбедна храна, граѓаните реагираат за производи со поминат рок

-

Од почетокот на годинава, заклучно со мај уништени се повеќе од 2,7 тони небезбедна храна, информираат за Мета.мк од Агенцијата за храна и ветеринарство. Тие велат дека од почетокот на годинава до крајот на минатиот месец, поднесени се 194 претставки од граѓани за небезбедна храна. Од нив, 7 претставки се поднесени поради сомнеж во безбедност на производи, 20 претставки се однесуваат на продажба на производи со поминат рок на употреба, 9 претставки се со наводи за производи со променети органолептички својства, 7 со наводи за присуство на контаминенти во одредени купени производи, а 4 претставки се однесувале на продажба на производи кои се несоодветно означени.

„Само во првите три месеци од годинава спроведени се над 12 илјади контроли. За констатираните недоследности изречени се вкупно 1.384 мерки. Донесени се 942 решенија, спроведени се 320 едукации на операторите со храна и поднесени се 23 прекршочни пријави. Во првото тромесечје од годинава не е поднесена ниту една кривична пријава. Како небезбеднa храна, се уништени 38.399 килограми храна“, информираат во АХВ.

Инспекторите прават контроли на граничните премини. Забранет бил влез на три пратки од увоз со храна од животинско потекло, со вкупна тежина од 33.898 килограми, а нема уништени небезбедни пратки со овој тип на храна.

„Лани, од страна на официјалните ветеринари и инспекторите за храна беа спроведени вкупно 49.590 инспекциски надзори, а изречени се вкупно 6.760 инспекциски мерки“, велат во Агенцијата.

Претставките од областа на безбедноста на храната во 2021 година се однесувале на неодржување на контролните системи од страна на производителите и неприменување на мерките во врска со ковид-19, потоа, на производи со поминат рок на употреба, загадувачи/контаминенти и резидуи, на производи со изменети органолептички својства, квалитет и измами со храна, како и сомнеж за труење со храна.

Во рамки на постапувањата по претставки и предлози, донесени се 114 решенија, земени се 34 примероци/мостри за лабораториски тестирања, наплатени се 54 глоби, спроведени се 28 едукации и покренати се три прекршочни постапки.

Како небезбедна, постапувајќи по поднесените претставки, инспекциските служби минатата година уништиле приближно 4 тони храна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...