УНИЦЕФ ја повикува јавноста да даде придонес кон Нацрт концепцијата за реформи во гимназиското образование

УНИЦЕФ особено го поздравува тоа што во Концепцијата се дава осврт на новите прашања во образованието како што се трансформативниот потенцијал на вештачката интелигенција и напредните технологии.

-

На 24 јануари, Меѓународниот ден на образованието, УНИЦЕФ ја поздрави неодамна објавената Нацрт концепција за реформи во гимназиското образование и ги повикува сите образовни чинители да се вклучат во процесот на отворена консултација за ко-креирање на визијата за гимназиското образование.

Нацрт концепцијата е дел од тековните напори на Министерството за образование и наука (МОН) и Бирото за развој на образованието (БРО) чија цел е образованието да ја задржи својата релевантност и да се приспособи кон светот што бргу се менува.

Документот, велат од УНИЦЕФ, дава патоказ за тоа како да се поддржат наставниците преку осовременети наставни програми, модерни наставни методи и подобри начини на оценување. Во него се наведени и клучните знаења, вештини, ставови и вредности што средношколците треба да ги стекнат во текот на своето школување.

Со Концепцијата, на учениците им се дава можност да изберат што ќе учат врз основа на индивидуалните потреби и интереси, со поголема флексибилност за комбинирање предмети од различни подрачја.

„Процесот на отворени консултации ќе им овозможи на сите чинители да придонесат за решавање на критичните образовни предизвици. Образовната криза во земјата се потврди и со најновите резултати од Меѓународната студија за трендови во математиката и природните науки – каде учениците од четврто одделение се рангираа на 44-то место по математика и на 47-мо место по природни науки (од 58 земји-учеснички). Заедничкото креирање долгорочна визија за гимназиското образование ќе даде важен придонес за подобрување на образовните резултати“, велат од УНИЦЕФ.

УНИЦЕФ особено го поздравува тоа што во Концепцијата се дава осврт на новите прашања во образованието како што се трансформативниот потенцијал на вештачката интелигенција и напредните технологии.

„Концепцијата предвидува учењето да биде попристапно, поинтерактивно и поефективно, нагласувајќи ја потребата од оспособување на учениците и наставниците со вештини за критичка примена на овие технологии. Исто така, УНИЦЕФ го поздравува фокусот што Нацрт-концепцијата го става на образованието за животна средина и климатски промени, преку наставата и преку активно учество во еколошки иницијативи“, стои во соопштението на УНИЦЕФ за Меѓународниот ден на образованието.

Покрај предложените позитивни промени, УНИЦЕФ предлага да се стави посилен фокус на обезбедување премин од основно во средно образование и спречување на осипување на децата со попреченост и оние од ранливите заедници, меѓу кои и Ромите. Освен тоа, Концепцијата треба да се осврне на потребата за дополнителна поддршка и насоки за заштита на физичкото и менталното здравје на адолесцентите, како и за безбедно и одговорно користење на напредните технологии. Со ова ќе се помогне училиштата да создадат средина којашто го поддржува и поттикнува образовниот успех, личниот раст и благосостојба.

Концепцијата е отворена за јавни коментари до 31 јануари 2025 година.

 

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...