fbpx

УНХЦР: Земјите-членки на ЕУ да го осигураат пристапот до азил

-

Поради зачестените протерувања и неформалните враќања на бегалците и на барателите на азил на европските копнени и морски граници, Агенцијата на ОН за бегалци, при УНХЦР, ги повикува земјите да ги истражат и да ги прекинат овие практики. Апелираат до земјите-членки на ЕУ да применат независни национални механизми за мониторирање кои ќе го осигураат пристапот до азил, ќе го спречат кршењето на правата на границите и ќе обезбедат одговорност, што е дел и од Пактот на ЕУ.

Според соопштението на УНХЦР, неформалните враќањата се одвиваат на насилен и очигледно систематичен начин, чамците со бегалци се влечат назад, луѓето штом стигнат на копно, се собираат и потоа се враќаат на море, а многумина пријавуваат насилство и злоупотреби од страна на државните сили. Исто така, лицата кои пристигнуваат по копнен пат се неформално притворани и насилно враќани во соседни земји, без да се земе предвид нивната потреба од меѓународна заштита.

„УНХЦР добива постојани извештаи за европски земји кои го ограничуваат пристапот до азил, враќајќи луѓе откако пристигнале на територијата или од територијалните води и употребувајќи насилство врз нив на границите,“ изјави помошникот-висок комесар за заштита при УНХЦР, Џилијан Тригс.

Тој додаде дека Конвенцијата за бегалци од 1951 година, Европската конвенција за човекови права и законите на ЕУ бараат од земјите да ги заштитат правата на лицата кои бараат азил и заштита од враќање, дури и ако влезат по нерегуларен пат. „Почитта кон човечките животи и правата на бегалците не е прашање на избор, туку правна и морална обврска. Иако земјите имаат легитимно право да управуваат со своите граници во согласност со меѓународното право, тие исто така мораат да ги почитуваат и човековите права. Неформалните враќања се едноставно незаконски“, рече Тригс, додавајќи дека пандемијата со ковид-19 не е исклучок и дека е можно да се обезбеди заштита и да се осигури пристап до правична и брза постапка за азил.

Бројот на пристигнувања на азиланти во ЕУ опаѓа секоја година и лицата кои пристигнале по воден и по копнен пат во 2020 се 95.000. Тоа е помалку за 23 проценти во споредба со 2019 (123.700 лица) и за 33 проценти во однос на 2018 (141.500), информираат од УНХЦР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...